0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.Портал

Концерт на пијано-дуото „Гелебешеви“ во Куманово

Куманово, 21 октомври 2018 (МИА)  – Во кумановскиот Центар за култура Трајко Прокопиев“ вечерва концерт ќе одржи пијано-дуото „Гелебешеви“. Дуото, во кое членуваат Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев, пред публиката ќе изведе дела од Брамс, Барбер, Равел, Росини.

Дуото на музичката сцена опстојува 17 години и досега настапило речиси во сите градови во Македонија и учествувало на најзначајните музички фестивали во земјава. Дуото е познато и по настапите во странство, Франција, Полска, Романија, Бугарија, Холандија, Италија, Србија, Турција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина…
– Ги покануваме кумановци да присуствуваат на овој концерт и да уживаат во програмата, изјави Роберт Цветковски од кумановскиот центар за култура.
Својот прв носач на звук дуото го издава во 2008 година, во 2011 година ја добива наградата Златна лира од Сојузот на музичките уметници на Македонија. Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со Македонската филхармонија. Концертот е дел од годишната програма и е поддржан од страна на Министерството за култура на Република Македонија.ам/скс/09:55

Back to top button
Close