КултураКултура.Портал

Концерт на Елена Костовска во КИЦ на Македонија во Софија

Елена Костовска со соло-концерт „Пијано рецитал“ ќе настапи вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. На програмата се дела на Купрен, Дебиси, Шопен, Шуман, Лекуона, а ќе бидат изведени и композиции на Томислав Зографски.

Скопје, 18 октомври 2018 (МИА) – Елена Костовска со соло-концерт „Пијано рецитал“ ќе настапи вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. На програмата се дела на Купрен, Дебиси, Шопен, Шуман, Лекуона, а ќе бидат изведени и композиции на Томислав Зографски.

По завршувањето на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Тодор Светиев, Елена Костовска во 1997 година била примена на последипломските студии по пијано на Високата школа за музика во Есен-Дуизбург, Германија, во класата на проф. Бернард Вамбах, каде што и  магистрирала.

Од 1999 до 2003 работи како корепетитор на гудачка класа при Државниот музичко-балетски училишен центар во Скопје и таму сега  е  наставник по пијано.

Учествувала на натпревари и добивала награди, соработувала со пијанисти како Жени Захариева од Бугарија, Арбо Валдма од Германија и Питер Фојхтвенгер од Англија. Имала концерти во Македонија, Германија, Грција и Велика Британија, а својот прв компакт-диск го сними во 2016 година. хс/са/07:45

###

 

Таг
Back to top button
Close