СветСвет.Портал

Караванот со мигранти на границата меѓу Мексико и Гватемала продолжи да се движи кон САД

Караванот со мигранти на мексиканско-гватемалската граница, чиј број во текот на ноќта се зголеми на околу 5.000 луѓе, продолжи да се движи кон американската граница.

Сиудад Идалго, 21 октомври 2018 (МИА) – Караванот со мигранти на мексиканско-гватемалската граница, чиј број во текот на ноќта се зголеми на околу 5.000 луѓе, продолжи да се движи кон американската граница.

Мигрантите, незадоволни од Мексико за решавање на прашањето во врска со нивните барања за азил, ги заобиколија властите и незаконско ја преминаа реката Сучиате.Тие тргнаа од пограничниот град Сиудад Идалго в зори и се упатија кон следната станица – градот Тапачула. И покрај обидите на мексиканските власти да ги сопрат на границата, околу 2.000 централноамерикански мигранти препливаа или со сплавови ја минаа реката што го дели Мексико од Гватемала. ссм/

Таг
Back to top button
Close