СветСвет.Портал

Интерпол: Во 116 држави запленети вкупно 500 тони недозволени фармацевтски производи

Во координирани полициски акции спроведени во 116 држави запленети се 500 тони недозволени фармацевтски производи достапни на интернет, вклучително и лажни лекови против рак и против болки и илегални шприцеви, соопшти денеска Интерпол.

Париз, 23 октомври 2018 (МИА) – Во координирани полициски акции спроведени во 116 држави запленети се 500 тони недозволени фармацевтски производи достапни на интернет, вклучително и лажни лекови против рак и против болки и илегални шприцеви, соопшти денеска Интерпол.

Во операцијата уапсени се 859 луѓе ширум светот и запленети се фармацевтски производи во вредност од околу 14 милиони долари.

– Бевме фокусирани на услугите на достава организирани од криминалните мрежи и во рамките на операцијата анулирани се 3.671 линкови, вклучително и интернет-страници на социјалните мрежи и онлајн продавници, се наведува во соопштението на Интерпол.

Тоа е втора акција на заплена на лекови спроведена од Интерпол во текот на месецот. ми/15:48

Таг
Back to top button
Close