Svet.SlajderСветСвет.Портал

Илјадници Венецуелци се упатија кон Перу поради крајниот рок за добивање право на престој

Најмалку 6.000 Венецуелци вчера беа на северната граница на Перу со надеж дека ќе влезат на перуанска територија, пред да истече крајниот рок за добивање на право за престој во Перу. Се очекува денеска и утре да дојдат уште 4.000, изјави перуанскиот омбудсман

Лима, 31 октомври 2018 (МИА)– Најмалку 6.000 Венецуелци вчера беа на северната граница на Перу со надеж дека ќе влезат на перуанска територија, пред да истече крајниот рок за добивање на право за престој во Перу.

-Се очекува денеска и утре да дојдат уште 4.000, изјави перуанскиот омбудсман.

Перу беше една од првите држави, која понуди карти за привремен престој на Венецуелци, кои бегаат од кризата во земјата и ги преминуваат Колумбија и Еквадор за да стигнат во Перу.

Откако бројот на Венецуелци во Перу се зголеми на половина милион, властите го поместија крајниот рок за доделување на вакви лиценци од крајот на годината за крајот на октомври. Што значи, денеска е крајниот рок за да влезат во Перу и да имаат право на картичка, со која ќе можат таму да живеат и да работат. ир/зш/

Таг
Back to top button
Close