0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Хасани: Дојдовме во Ереван по победа

Фудбалерот од средниот ред на македонската фудбалска репрезентација Ферхан Хасани, најави игра на победа на утрешниот дуел со Ерменија.

Ереван, 15 октомври 2018 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на македонската фудбалска репрезентација Ферхан Хасани, најави игра на победа на утрешниот дуел со Ерменија.

Македонија во саботата го победи Лихтенштајн и со оптимизам го очекува утрешнито меч на кој најверојатно и бод и е доволен за освојување на првото место во четвртата гурпа од Лигата на нации во сегментот-Д.

– Имаме одлична атмосфера после победата над Лихтенштајн и добрите резултати што ги постигнуваме во серија. Ни треба само бод но во Ереван сме да нападнеме победа, изјави хасани за веб страницата на ФФМ.

Натпреварот Ерменија – Македонија се игра утре со почеток во 18 часот. зс/09:26

Таг
Close