БалканБалкан.Портал

Големо невреме во Хрватска

Целото подрачје на Јадранот во Хрватска денеска е зафатено од невреме во кое ветрот корне дрвја, почнале и поплави, а локалните медиуми јавуваат дека најлошото допрва доаѓа, затоа што и за денеска се прогнозира обилен дожд што ќе предизвика поплави.

Загреб, 29 октомври 2018 (МИА) – Целото подрачје на Јадранот во Хрватска денеска е зафатено од невреме во кое ветрот корне дрвја, почнале и поплави, а локалните медиуми јавуваат дека најлошото допрва доаѓа, затоа што и за денеска се прогнозира обилен дожд што ќе предизвика поплави.

Вчера дојде најавеното влошување на времето, со дожд, кој во поголемиот дел од Хрватска бил обилен, а на некои места предизвикал и поплави, јави Индекс.хр.

Најлошо било во Горски Котар кај Делнице, каде што поради поплава на пат синоќа бил прекинат сообраќајот, како и на Равна Гора, додека на подрачјето на Дубровник ветрот корнел стебла.

Вчера и во текот на ноќта повеќе граѓани пријавиле одрони на Јадранската магистрала на дубровничкото подрачје, паднати стебла, искршени гранки и паднати столбови како последица на силниот ветар и дожд.

Исто така имало неколку дојави за пожари на електрични столбови, поради што во некои подрачја немало струја, јави „Дубровачки вјесник“. јт/

###

Таг
Back to top button
Close