Дописници Македонија

Годинава во Полошко откриени 188 странски државјанки кои работеле „на црно“  

Гостивар, 19 октомври 2018 (МИА) - Во изминативе девет месеци од годинава од СВР Тетово спровеле  50 акциски контроли во угостителски објекти (Тетовско 33 и Гостиварско 17). Контролите биле дел од активности за откривање и законско санкционирање странски државјанки кои непријавено престојуваат и работат или се инволвирани во евентуални кривични дела.

Гостивар, 19 октомври 2018 (МИА) – Во изминативе девет месеци од годинава од СВР Тетово спровеле  50 акциски контроли во угостителски објекти (Тетовско 33 и Гостиварско 17). Контролите биле дел од активности за откривање и законско санкционирање странски државјанки кои непријавено престојуваат и работат или се инволвирани во евентуални кривични дела.

 –  Најголем дел контроли се спроведени во летните месеци јули, август и септември и притоа се откриени 188 странски државјанки (ТЕ – 154 и ГВ – 34). Најголем број од нив (122) се од Република Албанија, 38 од Република Србија, 17 од Република Косово, 5 од Република Бугарија, и по 2 од Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. При контролите во објектите биле затекнати и 201 македонска државјанка, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

 По нивното приведување, овие лица се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, а потоа поголем број од нив се изведени пред судија за прекршоци на основните судови во Тетово и во Гостивар. Според возраста, откриените странски државјанки кои работеле „на црно“ се на возраст од 18 до 45 години.

Странските државјанки во објектите биле ангажирани како танчарки и пејачки, но и како келнерки, собарки или друг угостителски персонал. Повеќето од нив го злоупотребиле туристичкиот престој и престојувале спротивно на целта или непријавено биле вработени, што е спротивно на Законот за странци.

Според Јосифоски, злоупотреба на престојот се среќава и во овој период. Според карактерот, главно се странски државјани, кои работат како надничари или се таканаречени економски емигранти. згм/ац/

 

 

Таг
Back to top button
Close