ЕвропаЕвропа.Портал

Германската влада сака производителите да ги унапредат продадените дизел-автомобили, а судот подготвува забрана за дизел

Владата на Германија врши притисок врз домашните производители на автомобили да ги унапредат дизел-моторите што прекумерно загадуваат воздух, а имаат системи што тоа го кријат на тестовите. Владата со тоа се обидува политички да ги смири возачите гневни поради можности да им биде забрането користење такви возила во големите градови.

Берлин, 24 октомври 2018 (МИА)  – Владата на Германија врши притисок врз домашните производители на автомобили да ги унапредат дизел-моторите што прекумерно загадуваат воздух, а имаат системи што тоа го кријат на тестовите. Владата со тоа се обидува политички да ги смири возачите гневни поради можности да им биде забрането користење такви возила во големите градови.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел одобри низа мерки за унапредување на моторните возила опремени со систем за „лажење“ на тестови за издувни гасови. Доколку тие возила не бидат во согласност со прописите, ќе бидат забранети во Хамбург, Берин, Штутгарт и Франкфурт.

Дизел-возилата се голем извор на азотни оксиди што може да бидат штетни за човековото здравје. Новонајавените мерки ќе се однесуваат за 15 германски града во кои е значително надмината границата на ЕУ од 40 килограми азот оксид по кубен метар воздух. Уште 50 града во Германија се на раб на тој праг од ЕУ.

Суд во Мајнц разгледуваше дали е правно основана забраната за автомобили со дизел-погон за да се намали загадувањето на воздухот во тој град.

Германската влада сака производителите да ги унапредат продадените дизел-автомобили, а судот подготвува забрана за дизел. ир/зш/

Таг
Back to top button
Close