0_Македонија.ПорталБизнисДописници МКД

„Екоживот” најави петиција против изградба на цинкарница во Кавадарци

Кавадарци, 22 октомври 2018 (МИА)Еколошкото друштво Екоживот од Кавадарци најави петиција против изградба на цинкарница близу градот. Во изјава за МИА, претседателот Роберто Паризов нагласи дека најпрвин со собирање потписи, а потоа и со сите други законски дозволени можности, ќе се борат против загадувачката индустрија.

Ваквата нивна реакција доаѓа по најавената заинтересираност на кавадаречки инвеститор да инвестира во линии за проширување на асортиманот, но и производство нови производи. 

– Ќе дозволат ли општинските власти уште една еколошка катастрофа во Кавадарци, јавно праша тој, нагласувајќи дека ја имаат и поддршката од Здружението „Напредни лозари”, како и од други субјекти што се залагаат за чиста и здрава животна средина. 

Паризов додаде дека, според нив, во опасност се лозаро-винарството и воопшто земјоделството во плодната Тиквешија, но најмногу здравјето на кавадарчани, кои и онака се чести посетители на скопските клиники. 

– Кавадарци и досега беше на врвот по загадување во државата. Не ни треба дополнителна загадувачка индустрија, дециден беше тој.свд/скс/10:04

 

Back to top button
Close