ЕвропаЕвропа.Портал

ЕК: Италија да го ревидира буџетот

Европската Комисија и дава три недели на Италија да го ревидира својот нацрт-буџет за 2019 година, во спротивно се можни последици, порача попладнево Колеџот на Комесари по редовната евалуација на националните буџети.

Стразбур, 23 октомври 2018 (МИА) – Европската Комисија и дава три недели на Италија да го ревидира својот нацрт-буџет за 2019 година, во спротивно се можни последици, порача попладнево Колеџот на Комесари по редовната евалуација на националните буџети.

Првпат Европската Комисија да одбие буџет на земја членка. ЕК предупреди дека италијанските буџетски планови се девијација без преседан од европските правила.

– Примамливо е да се излекува долгот со долг, но ова не би било фер за идните генерации, клучно е да се одржи здрава фискална политика и доверба, изјави комесарот за Еврото, Валди Домбровскис.

Комесарот за фискални прашања, Пјер Московиси, кој веќе неколку дена предупредува дека плановите на Италија не се во согласност со европските критериуми рече дека денешната одлука не треба да биде изненадувачка и дека се очекуваше негативна реакција од Европската Комисија.

Новата популистичка Влада на Италија смета дека е потребно да се оддалечи од зацртаните правила на Унијата за да спроведе потребни социјални реформи, како што напиша во писмо до ЕК вчера. Владата меѓу другото планира да ја намали возраста за пензија како и да обезбедни основен приход за најсиромашните.

Рим сега има три недели да одговори на барањата на Брисел. тм/ми/17:12

Таг
Back to top button
Close