Дописници МКДЕкономија

Двојно зголемен бројот на апликации за „Млад земјоделец“

Вкупно 35 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане аплицирале за мерката „Млад земјоделец“, што е двојно повеќе во однос на минатата година, информира денеска Регионалниот центар Куманово од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Куманово, 22 октомври 2018 (МИА) – Вкупно 35 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане аплицирале за мерката „Млад земјоделец“, што е двојно повеќе во однос на минатата година, информира денеска Регионалниот центар Куманово од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Младите земјоделци од Кумановско аплицирале за набавка на механизација, подигање овошни и лозови насади, за набавка на пчеларска опрема, за системот „капка по капка“.

-Мерката 112 од програмата за рурален развој годинава беше доста барана од земјоделците од овој регион. Тие имаа можност да аплицираат за мерката во периодот од 19 септември до 19 октомври годинава, изјави раководителот Џабир Рамадани.

Доколку им биде одобрена апликацијата, младите земјоделци ќе добијат поддршка од државата во висина од 10.000 евра.

Целта на мерката е да ги поттикне и поддржи младите земјоделци да ja унапредат својата дејност, да го модернизираат и да го зголемат производството. ам/мч/

Таг
Back to top button
Close