Дописници МКД

Доделени 90 стипендии за најдобрите студенти на ДУТ

Вкупно 90 најдобри студенти од сите години во додипломскиот циклус на студирање на Државниот универзитет во Тетово ќе добијат стипендии за академската 2018/2019 година.

Тетово, 31 октомври 2018 (МИА) – Вкупно 90 најдобри студенти од сите години во додипломскиот циклус на студирање на Државниот универзитет во Тетово ќе добијат стипендии за академската 2018/2019 година. Оваа одлука на Сенатот на ДУТ донесена согласно Законот за високо образование и  статутот на ДУТ ја одобри и ја соопшти ректорот на оваа висообразовна установа Вулнет Амети.

-Со заеднички придонес, посветеност и сериозна работа на секој од нас успеавме да ги исполниме очекувањата во образованието и науката, па затоа доделувањето на стипендии за истакнатите студенти е доказ дека нашиот универзитет се идентифува како институција на натпревар на знаењето, конкуренцијата, но исто така и на големите можности. Им честитам на нашите студенти кои ги исполниле условите и образовните критериуми и со тоа ги заслужиле стипендиите врз основа на нивната работа, способност и заслуги, а во исто време им изразувам благодарност за честа и придонесот што го даваат за Универзитетот во Тетово, рече Амети на свеченоста што се одржа во амфитеатарот на Економскиот факултет.

Тој најави дека раководството на ДУТ и во иднина ќе продолжи да работи за унапредување на академскиот процес и зајакнување на универзитетските капацитети со цел да се одговори на предизвиците со кои се соочува современото општество. ас/вг/

Таг
Back to top button
Close