0_Македонија.ПорталПолитика

Димитров на проштална средба со естонскиот амбасадор Даниел Ерик Шаер

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Република Естонија во Република Македонија, со седиште во Талин, Даниел Ерик Шаер.

Скопје, 26 октомври 2018 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Република Естонија во Република Македонија, со седиште во Талин, Даниел Ерик Шаер.

Од МНР соопштија дека на средбата бил направен краток преглед на досегашниот развој во пријателските односи на двете земји, при што била потврдена заемната заложба за натамошно јакнење на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупната билатерална соработка.

Димитров упатил благодарност до амбасадорот Шаер за неговиот личен придонес во унапредувањето на односите на двете земји и му посакал успех во неговиот натамошен професионален ангажман. рп/сд/

Таг
Back to top button
Close