0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт

Денвер му го нанесе првиот пораз на шампионот Голден Стејт

Екипата на Денвер Нагетс во драматичен меч ноќеска успеа да го порази актуелниот НБА шампион Голден Стејт со 100:98.

Денвер, 22 октомври 2018 (МИА) – Екипата на Денвер Нагетс во драматичен меч ноќеска успеа да го порази актуелниот НБА шампион Голден Стејт со 100:98.

Дваесет илјади гледачи во „Пепси Центар“ во Денвер имаа можност да проследат дуел на две изедначени екипи кои има свои периоди. На крајот решавачка се покажа предноста на домашниот тим остварена во третата четвртина која заврши 33:21.

Никола Јокиќ со дабл-дабл ефект – 23 поени и 11 скока, како и Гери Харис со 28 постигнати поени беа најзаслужните за триумфот на Денвер.

Во поразената екипа се истакна Стеф Карин со 30 поени.

Денвер е лидер во Западната конференција со максимални три победи, Голден Стејт е петти со две победи и еден пораз. зс

Таг
Close