0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Делегација од Министерството за економија на седница на мешовитата комисија во Братислава

Заменик-министерот за економија Кире Наумов предводи 25-члена делегација која денеска и утре  во Братислава ќе учествува на втората седница на мешовитата комисија од Меморандумот за економска соработка меѓу министерствата за економија на Република Македонија и Словачката Република.

Скопје, 24 октомври 2018 (МИА) – Заменик-министерот за економија Кире Наумов предводи 25-члена делегација која денеска и утре  во Братислава ќе учествува на втората седница на мешовитата комисија од Меморандумот за економска соработка меѓу министерствата за економија на Република Македонија и Словачката Република.

– Како копретседател на Комисијата од македонска страна, Наумов, заедно со својот колега од словачка страна, Растислав Хованец, во рамки на седницата ќе дискутиураат за можностите за зајакнување на економската соработка во повеќе области: трговија и индустрија, инвестиции, земјоделство и шумарство, енергетика, градежништво, телекомуникации, туризам итн., соопшти Министерството за економија. хс/са/

Таг
Close