Дописници Македонија

Делегација на ОРОМ и резервни старешини од Зрењанин на средба со градоначалникот Мицевски

радоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски организираше прием на делегации на Организацијата на резервни офицери на Македонија, предводена од претседателот проф.д-р Ѓорѓи Малковски, претставници на ОРОРМ Крива Паланка и гости од Организација на резервни воени старешини од Зрењанин , Србија.

Крива Паланка, 21 октомври 2018 (МИА) – Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски организираше прием на делегации на Организацијата на резервни офицери на Македонија, предводена од претседателот проф.д-р Ѓорѓи Малковски, претставници на ОРОРМ Крива Паланка и гости од Организација на резервни воени старешини од Зрењанин , Србија.
-Општина Крива Паланка има традиционална успешна соработка со Република Србија на многу полиња, но ова е уште еден сегмент во кој може да ја  унапредуваме и во тој контекст да работиме на зближувањето на луѓето од двете страни. Да го следиме трендот на сето она што се случува во политички контекст,  каде сега ширум ни се отвораат вратите за ЕУ-интеграција,  со тоа да настојуваме да продуцираме стабилност и да градиме заедничка иднина, изјави градоначалникот Мицевски.
Тој ги запозна гостите и со можностите за унапредување на соработката во насока на искористување на можноста за изготвување заеднички проекти во пресрет на новиот повик од ИПА-Програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Србија.
Претседателот на ОРОРМ, Ѓорѓи Малковски, истакна дека токму резервните офицери од Крива Паланка се најбројни.
-Соработката со општина Крива Паланка треба да биде трајна и плодна, особено сега кога имаме можности за заеднички  настап. Ние како најуспешно и најактивно здружение од НВО секторот во Македонија,  можеме  да дадеме свој придонес во иницијативата за активности и изработка на проекти за искористување на  средства од ИПА-Програмата за прекугранична соработка, зашто нашата организација поседува голем човечки и професионален капацитет на луѓе од сите профили, рече Малковски.
Претседателката на ОРО од Зрењанин, Тања Дуловиќ, пренесувајќи поздрави од градоначалникот на Зрењанин и упати покана од негово име за посета на Зрењанин и подобро запознавање на двете општини.
-Тука се почувствував како дома и особено сум задоволна од гостопримството на нашите пријатели од  Крива Паланка. Нашата соработка почна пред една неполна година и се надевам дека ова пријателство ќе прерасне во плодна соработка, не само помеѓу наште организации, туку и на општинско ниво, изјави Дуловиќ. ид/хс/

Таг
Back to top button
Close