Дописници МКД

Делчево и Виница станаа членки на Алијансата на патот на свилата

Делчево и Виница се запишаа како први општини кои станаа дел од Урбаната алијанса на патот на свилата. Сертификатот и Меморандумот за разбирање и членство на Делчево и Виница во светската асоцијација посветена на градење платформа за поврзување на градовите во различни земји и региони беа потпишани на голема церемонија на Бизнис-самитот кој се одржа во градот Zhangjiajie во Кина.

Делчево, 22 октомври 2018 (МИА) – Делчево и Виница се запишаа како први општини кои станаа дел од Урбаната алијанса на патот на свилата. Сертификатот и Меморандумот за разбирање и членство на Делчево и Виница во светската асоцијација посветена на градење платформа за поврзување на градовите во различни земји и региони беа потпишани на голема церемонија на Бизнис-самитот кој се одржа во градот Zhangjiajie во Кина.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски во своето обраќање на пленарна сесија ги презентираше спецификите за инвестиции во областа на туризмот и економијата во општина Делчево
-Ова е прв пат од постоењето, Општина Делчево да доживее промоција надвор од границите на Европа, на исток во една од најбрзорастечките економии во светот, Кина. На бизнис-самитот пред 173 членки од 60 земји од светот, Делчево ги промовираше своите можности за развој, туристичките и економските потенцијали, како и владините економски мерки. Овој настан е од исклучително значење за нашите релативно мали општини, Делчево и Виница, но и за нашата земја, бидејќи овие две општини станаа рамноправни и полноправни членки, застанаа рамо до рaмо со градови од Украина, Грција, Палестина, Полска, Турција …, истакна Трајковски.
Додаде дека очекува пријателствата родени на овој Бизнис-самит да донесат нови перспективи за развој на Делчево.
Урбаната алијанса на патот на свилата е пријателска асоцијација на градови во различни земји и региони. која е посветена на промовирање и поврзување, споделување придобивки, културна и трговска соработка и пријателски односи меѓу градовите-членки.
Мисијата на Алијансата е да се ​​воспостави платформа за поврзување на градовите во различни земји и региони, да се ​​соберат ресурси, да се промовира прагматична соработка и да се бараат можности за инвестирање во различни сектори за членовите, но и да се зајакнува пријателството меѓу градовите членки. вс/дма/

Таг
Back to top button
Close