Дописници МКД

Декларација за пријателство помеѓу германската општина Грос-Цимерн и Крива Паланка

Градоначалникот на општина Грос-Цимерн, Германија, Ахим Грим и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, потпишаа Декларација за пријателство помеѓу двете општини.

Крива Паланка, 15 октомври 2018 (МИА) – Градоначалникот на општина Грос-Цимерн, Германија, Ахим Грим и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, потпишаа Декларација за пријателство помеѓу двете општини.

Во декларацијата се наведува дека тригодишната постоечка соработка помеѓу општините треба да биде унапредувана, со цел да се даде важен придонес за развој на населението во Европа.

Со потпишаната Декларација двете општини во рамките на нивните можности ќе соработуваат и ќе придонесат за економски и социјален развој во нивните региони, преку заемни посети ќе ги запознаваат нивните култури и традиции, а младите од двете општини преку пријателски средби, на сите општествени нивоа ќе соработуваат за да се засилат разбирањето и довербата.

Општините ќе развиваат пријателство преку размена на искуства во областа на економијата, туризмот, земјоделството, екологијата, културата, обазованието, децата и потпомагањето на младите и семејните вредности, со заедничка цел во обединувањето на европски план.

На крајот на Декларацијата се наведува дека преку пријателство Грос-Цимерн и Крива Паланка се обврзуваат со сите ресурси да стојат на располагање за благосостојбата и мирот во Европа. ам/ев/11:18

Таг
Back to top button
Close