БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Дачиќ: Не го даваме образот, Уставот и Косово за европски морков

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Србија нема да го наруши својот Устав и да се соочи со признавањето на „лажната држава Косово за некаков европски морков“.

Белград, 26 октомври 2018 (МИА) – Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Србија нема да го наруши својот Устав и да се соочи со признавањето на „лажната држава Косово за некаков европски морков“.

Неговата изјава уследи откако пратеникот на Бундестагот, Петер Бајер од партијата ЦДУ на Ангела Меркел, испрати порака до Белград дека „Србија не може да биде дел од ЕУ сé додека де јуре не го признае независно Косово“.

Дачиќ за „Вечерње новости“ ијзави дека тоа дефинитивно треба да се сфати сериозно, бидејќи Баер е официјален претставник на партијата на канцеларката Меркел.

– Но, ако ова навистина е така, зошто тогаш да имаме дијалог во Брисел, зошто ни е ваков исцрпувачки и многу фрустрирачки процес за нас, ако исходот се знае однапред”, праша Дачиќ.

Според него, дипломатската битка за Косово допрва треба да престои.

– Сигналите од некои клучни западни земји, а пред сè од САД, кои досега стоеа на цврста позиција во ставовите дека независноста на Косово за нив е завршена, ни даваат за право да се бориме, да ја почитуваме реалноста на теренот, но исто така и темелите на меѓународното право што се брутално нарушени во 2008 година со едностраната акција на приштинските власти, истакна Дачиќ.

Бајер пред два дена за ТАНЈУГ изјави дека е дојден во Белград да го пренесе германскиот став дека Косово е фактички територијално независно и дека Србија треба да ја признае де јуре „суверената држава Република Косово“, бидејќи во спротивно нема да влезе во Европската унија.

Тој исто така повтори и дека Германија е против размената на територии или корекција на границите.

– Ние воопшто не размислуваме да ги поддржиме ваквите идеи и оваа позиција на германската канцеларка Ангела Меркел нема да се промени, и тоа е онаа клучна работа која сакам да ја пренесам како порака од Берлин, објасни Баер. об/ми/

Таг
Back to top button
Close