Избрано

Бројот на успешни терористички напади на Западот се намалува. Зошто?

Бројот на жртви во еден напад од 130 колку што беа во 2015, падна на 86 жртви во 2016, односно 22 жртви во 2017.

28 октомври 2018

Њујорк тајмс

Бројот на жртви во еден напад од 130 колку што беа во 2015, падна на 86 жртви во 2016, односно 22 жртви во 2017.

Изгледаше дека нападите одат еден по друг: 130 мртви во концертната сала Батаклан и на улиците на Париз. Осумдесет и шест прегазени на историската променада во Ница. Дваесет и двајца убиени на концертот на Аријана Гранде во Манчестер.

Од подемот на Исламска држава во 2014 службите за ред и закон мака мачат да ја запрат бескрајната низа завери. И дури сега каденцата забави.

Нападите на Исламска држава на Западот драстично паднаа во 2018 во споредба со претходните четири години, првпат од 2014 иако обидите за напади не се намалуваат.

Разликата е во тоа што, како што велат аналитичарите, полицијата има повеќе успех во спречување на нападите.

Исламската држава или ИСИС изврши 14 успешни напади во Европа и Северна Америка во 2015, 22 напади  во 2016 и  27 напади во 2017, покажаа податоци на Програмата за екстремизам од Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон. Но во првите осум месеци од оваа година извршени се само четири.

Скалата на напади исто така падна. Бројот на жртви во еден напад од 130 колку што беа во 2015, падна на 86 жртви во 2016, односно 22 жртви во 2017. До сега  во 2018 најмногу жртви имало во нападот во супермаркетот во Требе во Франција каде напаѓач уби три лица во март.

Исламска држава изгуби 99 проценти од земјата која некогаш ја држеше во Ирак и Сирија. Некои аналитичари падот на активноста ја поврзаа со губењето на територија. Но бројот на обиди за напади во Европа остана непроменет покажуваат податоците на Центарот за анализа на тероризам од Париз.

Електронското надгледување имало пресудно значење. Безбедносните служби успеале да се инфилтрираат во онлајн универзумот на Исламска држава, велат аналитичарите и постојано проверуваа чет соби на Телеграм, шифрирана платформа за испраќање пораки која ја користи групата.

Со секое апсење властите запленувале мобилни телефони и електронски апарати на припадници на групата, симнувале контакти и ги проучувале нивните четови искористувајќи ги апсењата да откријат цели мрежи. Како почна да се намалува бројот на напади, бројот на апсења почна да расте. Во 2014 имало 395 апсења поврзани со тероризам. Во 2016 и 2017 имало повеќе од 700.

Алаги Туреј 21-годишен Гамбиец стигнал до брегот на Италија минатата година и му било понудено сместување во центар за бегалци во Поцуоли. Тој купил нов Самсунг телефон и ја инсталирал апликацијата Телеграм. Снимил и објавил видео заклетва за верност кон лидерот на ИСИС Абу Бакри Ел Бадгади.

Снимката ја испратил до „хендлер“ во Либија кој му рекол „да влезе во автомобил и да прегази луѓе“.

Заверата почнала да се открива кога италијанските власти добиле информација дека авторот на снимката би можел да биде во Неапол. Тие упаднале во бегалскиот центар и го споредиле мебелот со оној од снимката. Тогаш го откриле Туреј и со денови го следеле за да утврдат дали е сам или е дел од поширока мрежа.

Десет дена после снимањето на снимката Туреј е уапсен откако излегол од џамија во градот Ликола. За време на испитувањето тврдел дека заклетвата е „шега“ и дека тој не знае да вози.

Иследниците тогаш му ја покажале пораката од ВоцАп која ја испратил на пријател во Гамбија два дена после заклетвата.

– Не заборавај да се молиш за мене. Имам мисија, напишал тој.

###

Таг
Back to top button
Close