0_Македонија.ПорталДописници МКД

Беровски фолклористи учествуваа на меѓународниот фестивал во Струмјани

Малешевскиот фолклор и традиција успешно претстатвени на 15. Меѓународен фолклорен фестивал ,,Малешево пее и танцува“ кој се одржа во село Микрево, општина Струмјани, Република Бугарија. Како што не информираше директорот на беровскиот дом на култура, Звонко Скендерски, малешевци покрај можноста да го шират својот фолклор и традиција се запознале со културата на останатите народи.

Берово, 22 октомври 2018 (МИА) – Малешевскиот фолклор и традиција успешно претстатвени  на 15. Меѓународен фолклорен фестивал ,,Малешево пее и танцува“ кој се одржа во село Микрево, општина Струмјани, Република Бугарија. Како што не информираше директорот на беровскиот дом на култура, Звонко Скендерски, малешевци покрај можноста да го шират својот фолклор и традиција се запознале со културата на останатите народи.
-На Меѓународниот фолклорен фестивал во Микрево кое се наоѓа од другата страна на Малешевските планини сме редовни гости и настапуваме со фолклор карактеристичен за нашиот крај. Се работи за фестивал кој секоја година ја збогатува својата програма со пејачи, танцови и ансамбли од повеќе држави и претставува културен мост меѓу народите, кои низ магијата на песната и танцот остава длабока емоционална трага на автентичниот фолклор и традиција, рече Скендерски.
Додава дека на фестивалот учествувале фолклористи од 16 држави од Европа и Индија како претставник на азискиот континент.
Во рамки на посетата на општина Струмјани присуствуваше и делегација предводена од градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски кој со својот колега Емил Илиев разговараше за можностите за идна соработка во сферата на прекуграничната соработка и искористување на ИПА претпристапните фондови на Европската Унија. вс/сст/

Таг
Back to top button
Close