СпортФудбал

АС: Конте доаѓа во Реал на местото на Лопетеги

Реал Мадрид може да направи промена на тренерската позиција и на местото на Хулен Лопетеги, да биде донесен Антони Конте, објави шпански „АС“.

Мадрид, 8 октомври 2018 (МИА) – Реал Мадрид може да направи промена на тренерската позиција и на местото на Хулен Лопетеги, да биде донесен Антони Конте, објави шпански „АС“.

Лопетеги е изложен на силен притисок по поразот од Алавес во саботата (1:0), што му е четврти кикс“ во осум круга во Примера и по само четири месеци во Реал, н аповидок е неговото отпуштање.

Тимот на Реал не само што не победи на последните четири меча, туку нема постигнато ниту гол.

На прво место за наследник на поранешниот шпански селектор, се наоѓа Антонио Конте. Тој е без ангажман уште од заминувањето од Челзи од каде се уште добива плата поради предвремен раскин на договорот.

Шпанските медиуми објавија дека најголемиот тест Лопетеги ќе го има со Барселона, на средбата закажана за 28 октомври на „Камп Ноу“. Се шпекулира дека, доколку Лопетеги се уште е тренер до тој дуел, во случај на пораз од Каталонците, сигурно ќе биде отпуштен.

Претходно, на 20 октомври на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Леванте, тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди. зс/11:41

Таг
Back to top button
Close