Дописници МКД

Јанчев: Нема потреба повторно да се гласа за пренамена од Г2 во Г1 индустрија 

Советот на Општина Кавадарци едногласно гласаше против барањето за пренамена на земјиштето на ИГМ од Г2 во Г1. По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува. Ова го соопшти вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 29 октомври 2018 (МИА) – Советот на Општина Кавадарци едногласно гласаше против барањето за пренамена на земјиштето на ИГМ од Г2 во Г1. По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува. Ова го соопшти вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Инаку, веќе одредено време јавноста во Кавадарци е вознемирена, откако се дозна дека кавадаречка компанија има намера да гради цинкара.

-Јас како градоначалник на општина  Кавадарци во целост го почитувам и се согласувам со мислењето на советниците во Советот на општина Кавадарци. Никој не може да придонесе во нарушувањето на квалитетот на живот на кавадарчани, без разлика дали се работи за премиер, градоначалник, советник или бизнисмен, нагласи Јанчев на својот фб профил.

Здравјето и квалитетниот живот на граѓаните на општина Кавадарци, додаде, е секогаш на прво место.

Еколошкото друштво “Еко-живот” со поддршка на Ненад Јовановиќ, координатор на НВО секторот, денеска започна со петиција. Се собираат потписи против изградба на цинкара. свд/сст/

Back to top button
Close