СветСвет.Портал

Американскиот претседател го обвини Сорос

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека жените кои протестираат поради спорниот кандидат за Врховен суд, Брет Кавано, се професионалки кои се платени од Џорџ Сорос и други.

Вашингтон, 5 октомври 2018 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека жените кои протестираат поради спорниот кандидат за Врховен суд, Брет Кавано, се професионалки кои се платени од Џорџ Сорос и други.

– Многу непристојните врескачки во лифт се платени професионалки, кои само сакаат сенаторите да изгледаат лошо, напиша Трамп на Твитер.

По минатонеделното сведочење во Сенатот на Кавано и на Кристин Блази Форд, која го обвини дека сексуално била нападната во 80-тите години, две жени му пришле на сенаторот Џеф Флејк наведувајќи дека се жртви на сексуално насилство и барале од него да не го поддржи кандидатот на Трамп за Врховниот суд.

– Не паѓајте на тоа! Исто така, погледнете ги сите професионално направени идентични знаци. Платени се од Сорос и од други. Тоа не се знаци направени од љубов во подрум, додаде Трамп.

Сенатот денеска треба да ја почне процедурата за гласањето за Кавано. Флејк, како и две умерени сенаторки Сузан Колинс и Лиза Мукаровски најверојатно се уште немаат одлучено како ќе гласаат. ми/17:46

###

Таг
Back to top button
Close