Дописници МКД

Акција за заловување скитници во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица реализирана акција за заловување на кучиња скитници на територија на општина Македонска Каменица. За спроведување на акцијата беше ангажирана ветеринарна служба од Куманово која заловените кучиња скитници во понатамошниот третман ќе ги смести во стандардизирано прифатилиште.

Македонска Каменица, 19 октомври 2018 (МИА) – Во Македонска Каменица реализирана акција за заловување на кучиња скитници на територија на општина Македонска Каменица. За спроведување на акцијата беше ангажирана ветеринарна служба од Куманово која заловените кучиња скитници во понатамошниот третман ќе ги смести во стандардизирано прифатилиште.
Како што информираа од општина Македонска Каменица,освен заловувањето во рсмки на акцијата кучињата скитници ќе бидат третирани со вакцинација и кастрација.

-Акцијата ќе продолжи и во следниот период, според потребите и планираните активности за заловување. Општина Македонска Каменица ги замолува жителите да пријавуваат појави на кучиња скитници, за истите бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните, вели градоначалничката Соња Стаменкова.

За заловување на кучиња скитници, Општина Македонска Каменица за тековната 2018 година склучи договор со ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово за кој издвои 295 илјади денари. Во текот на досегашните акции се заловени над 70 кучиња скитници. вс/сст/

Таг
Back to top button
Close