Дописници МКД

Акција „Нахрани 10.000“ во Куманово

Кумановци денеска донираат храна за ранливите категории граѓани во рамки на иницијативата на „Ајде Македонија“ и националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“.

Куманово, 16 октомври 2018 (МИА) – Кумановци денеска донираат храна за ранливите категории граѓани во рамки на иницијативата  на „Ајде Македонија“  и националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“.
Општинската организација на Црвен крст Куманово и здружението “Инклузива” од Куманово во соработка со граѓанските асоцијации Ајде Македонија”  и „Мрдни со прст“ пoд мотото „Сите сити” заеднички ја организираат  хуманитарна акција за помош на ранливите семејства по повод меѓународниот ден за борба против гладта,  16-ти октомври.

Акцијата започна точно во 10:00 часот и се одвива според планираното. Сите заинтересирани граѓани и претпријатија од Куманово кои сакаат да се вклучат и дадат свој придонес во акцијата можат да донираат до 19:00 часот пред маркетите  Тинекс”  и Елида”. Храната која ќе биде донирана, ќе биде спакувана во пакети и дистрибуирана до најзагорзените социјално ранливи семејства од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, изјави секретарот на   општинската организација на Црвениот Крст, Бојан Петрушевски.

Националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.ам/скс/12:17

###

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close