ЕвропаЕвропа.Портал

„Аеродромот Брисел“ откажа 150 летови поради штрајк на носачите на багаж

Околу 150 летови денеска се откажани од „Аеродром Брисел“ поради штрајк на носачите на багаж, кои протестираат поради условите за работа.

Брисел, 26 октомври 2018 (МИА) – Околу 150 летови денеска се откажани од „Аеродром Брисел“ поради штрајк на носачите на багаж, кои протестираат поради условите за работа.

Штрајкот, кој синдикатите претходно не го најавиле, почна синоќа, поради што беа откажани 50 летови.

– „Аеродромот Брисел“ обезбеди кревети за 300 лица, кои беа приморани да ја поминат ноќта на аеродромот, изјави портпаролката на аеродромот.

Според неа, бројот од 150 откажани летови би можел да се зголеми во текот на денот.

Штрајкот на работниците на белгиската компанија „Авиапартнер“ влијае на 29 авиокомпании, меѓу кои „Рајанер“ и КЛМ, но не и на белгиската авиокомпанија „Брисел ерлајнс“, која користи друг оператор за носачи на багаж. ир/ми/

Таг
Back to top button
Close