Дописници МКДОпштински вести

„Учиме со Ели – лесни песни за развој на говорот и почетното пишување“ – нов практикум од штипскиот логопед Елена Ташкова

Голем процент од децата во претшколска возраст имаат проблеми со говорот, односно неправилен изговор на гласови, како и други развојни нарушувања. Познатиот штипски логопед Елена Ташкова, која работи со децата во Општинско основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ и е познат практичар и истражувач на оваа тема вели дека околу 30 проценти од учениците во една генерација имаат проблеми со изговарање одредени букви.  Оваа појава во еврпски рамки е уште пораширена.

Штип, 28 мај 2022 (МИА)Голем процент од децата во претшколска возраст имаат проблеми со говорот, односно неправилен изговор на гласови, како и други развојни нарушувања. Познатиот штипски логопед Елена Ташкова, која работи со децата во Општинско основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ и е познат практичар и истражувач на оваа тема вели дека околу 30 проценти од учениците во една генерација имаат проблеми со изговарање одредени букви.  Оваа појава во еврпски рамки е уште пораширена.

-Присутни се и другите развојни нарушувања: дислексија – проблеми со читањето, дискалкулија – проблеми во математички совладувања и операции, дисграфија – проблеми со пишувањето. Сето тоа се теми и полиња на работа на логопедот. Сега и двегодишниот период со Ковид-19, го зголеми процентот на дечиња со пелтечење. Многу родители се јавуваа кај мене за консултации, едноставно стресот си го прави своето, вели Ташкова.

Во штипската библиотека „Гоце Делчев“ таа го промовираше практикумот „Учиме со Ели – лесни песни за развој на говорот и почетното пишување“, наменет за најмалите, родителите и за наставниците и содржи над 50 песни коишто го следат говорниот развој кај децата.

Содржински практикумот е плод на долгогодишната работа и искуствата на авторката како дефектолог-логопед. Како што вели Ташкова, песните се лесни, прифатливи и јасни за децата, а секоја од нив е придружена со илустрација. Овој практикум нуди широк спектар на придобивки, а главната цел е да им се олесни работата на возрасните за поттикнување на децата со забавен говорен развој.

Промотори на практикумот беа универзитетските професори Кирил Барабреев и Милена Ристова-Михајловска. Барбареев истакна дека овој практикум е корисен за студентите на Факултетот за образовни науки, но и за родителите.

-Проблемите со говорот на децата се, верувајте, страшни. Во моментот, 50 отсто од децата во средна Европа имаат проблеми со говорот, рече  Барбареев.

Ташкова смета дека главен причинител за забавениот говорен развој е користењето мобилни телефони и други електронски апарати уште од најмала возраст. Затоа останува живиот говор или говорот на родителот со детето да биде најважен фактор за правилен развој.

-Родителите во секојдневните напори, посебно оние родители каде што веќе постои и е детектиран забавен говорен развој, во заедничките активности да поттикнат говор, изјави Ташкова.

Промоцијата на практикумот беше збогатена со музичка точка од Борче Пилатов и рецитал на песните од Практикумот во изведба на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ под менторство на одделенскиот наставник Славица Неделкова. вдј/хс/

Back to top button
Close
Close