0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталБизнис.СлајдерЕкономија

​Деспотовски: Не даваме пари однапред – компанијата има рокови и обврски кои треба да ги исполни

Со новиот концепт на ТИРЗ воведовме механизми за заштита на јавниот интерес. Апсолутно сите клиенти, и потенцијални и актуелни, поминуваат низ процес на детална проверка. Ангажираме меѓународна ревизорска куќа која во првичниот извештај за оваа компанија не индицираше никаде сериозен ризик. И самиот договор кој што го потпишавме вчера содржи заштитни клаузули. Доделувањето на државната помош зависи од динамиката со која инвеститорот ќе ја реализира инвестицијата и, секако, од исполнување на условите предвидени со договорот. Компанијата нема да добие пари однапред туку има конкретни рокови и датуми кои треба да се испочитуваат, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ,  во врска со договорот кој вчера беше потпишан со германската компанија „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ која ќе инвестира во фабрика за производство на електрични автомобили.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Таг
Back to top button
Close
Close