Дописници МКДОпштински вести

Ќе се регулира уште еден дел од минор коритото на Крива Река

Со 4.6 милиони денари од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се регулира уште еден дел од минор коритото на Крива Река во Крива Паланка.

Крива Паланка, 18 мај 2022 (МИА) – Со 4.6 милиони денари од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се регулира уште еден дел од минор коритото на Крива Река во Крива Паланка.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска потпиша договор за изградба на регулација на минор корито во Крива Река – дел 4, во должина од 200 метри, на потегот од спортскиот центар во градот кон излезот на градот, на вливот на Бабин Дол во Крива Река.
– Договорот е потпишан денеска со министерот за животна средина Насер Нуредини. Проектот спаѓа во групата инвестициски проекти и опфаќа изградба на минор корито на Крива Река во должина од двесте метри. За урбан лик на градот ќе се инвестираат 4.597.309 денари за доуредување на коритото од спортскиот комплекс во градот кон вливот на Бабин Дол во Крива Река. Проектот се финансира со средства од Програмата за управување со води 2022 на министерството, а рокот за реализација е 25 декември 2022 година, изјави Митовски. ид/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close