Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Ќе се асфалтира патен правец во кривопаланечкото село Луке

Со годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта одобрен е проект за обнова и реконструкција на 4.4 километри пат во селото Луке, кривопаланечко.

Крива Паланка, 17 мај 2022 (МИА) – Со годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта одобрен е проект за обнова и реконструкција на 4.4 километри пат во селото Луке, кривопаланечко.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, информира дека е одобрен уште еден проект за подобрување на патна инфраструктура во Крива Паланка по усвоената пренамена во регионален пат на патниот правец Крива Паланка ( м.в.Спасена)- село Луке
– На задоволство на жителите на село Луке и околината, но и на мое задоволство, остварени се моите заложби и иницијативата уште од почетокот на мандатот, за подобрување на квалитетот на животот на населението во секое населено место. Ќе се обноват 4.400 метри пат.  Наскоро се очекува да отпочнат активности за надградба и поправка на дотраениот коловоз и да се постави нов асфалтен слој, за што се одобрени 16.318.045 денари од годишната програма на ЈПДП, посочи Митовски.
Истакна дека локалната самоуправа продолжува со вложување во секој дел од општината, а во моментот се работи и на асфалтирање на патниот правец село Кошари-сели Б’с, кон туристички локалитет Калин Камен, со што се создаваат предуслови за развој на туризмот во општината.ид/лв/

Back to top button
Close
Close