ОпштествоОпштински вестиСкопје

Јубилејно 10 издание на манифестацијата „Прв до врв“

На скопската планина Водно денеска се одржа 10-то јубилејно издание на манифестацијата „Прв до врв“. Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред основното училиште „Кочо Рацин“.

Скопје, 15 мај 2022 (МИА) – На скопската планина Водно денеска се одржа 10-то јубилејно издание на манифестацијата „Прв до врв“. Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред основното училиште „Кочо Рацин“.

На овој спортско-рекреативен настан годинава учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот. Манифестацијата којашто става акцент на зачувувањето на животната средина и годинава се состоеше од два дела, односно натпреварувачки и забавен карактер.

Организатор на трката е Здружението за спорт и рекреација ПРВ ДО ВРВ, а настанот се реализира со поддршка на Градот Скопје преку Програмата за активности во областа на спортот и младите во град Скопје.

На манифестацијата присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која на најдобрите им додели награди и го честиташе јубилејното одржување на настанот. фф/бак/

Таг
Back to top button
Close
Close