Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Јубилејното 35. издание на Валандовскиот фестивал ќе се одржи на 5 јуни

 Годинешново 35. јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни ,,Фолк Фест Валандово“, ќе се одржи во една натпреварувачка вечер, на 5 јуни, потврдија на денешната прес конференција градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и уметничкиот директор на фестивалот, Живоин Глишиќ.

Валандово, 26 мај 2022 (МИА) – Годинешново 35. јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово“, ќе се одржи во една натпреварувачка вечер, на 5 јуни, потврдија на денешната прес конференција градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и уметничкиот директор на фестивалот, Живоин Глишиќ.

На единствената натпревувачка вечер ќе бидат претставени 23 новосоздадени фолк композиции, а изборот на победничката песна ќе го одлучува стручното жири и присутната публика во фестивалската сала во Домот на културата „Јанко Узунов“, во Валандово.

Во најава на фестивалската програма, на 3 и 4 јуни на градскиот плоштад во Валандово ќе настапуваат Горан и Ленче Куќиќ, Александар и Дац,Љубојна и Владо Јаневски.

Во ревијалниот дел на фестивалот, кој има исклучително културолошко значење за нашата земја, ќе настапи доајенката на македонската фолк песна,Блага Петреска. им/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close