Дописници МКДОпштински вести

ЈП „Комуналец“ изврши перење на улиците во Крива Паланка

Дежурни екипи на јавното претпријатие „Комуналец“ Крива Паланка во соработка со локалната самоуправа на Општина Крива Паланка синоќа извршија перење на улиците во градот.

Крива Паланка, 11 ноември 2021, (МИА) – Дежурни екипи на јавното претпријатие „Комуналец“ Крива Паланка во соработка со локалната самоуправа на Општина Крива Паланка синоќа извршија перење на улиците во градот.

– Вечерва бев на терен со екипите за ноќно перење на улиците заедно со директорот на ЈП „Комуналец“, Миле Марковски. Врвен приоритет сега и во иднина е високото ниво на хигиена во нашиот град. Одржување чиста и убава Крива Паланка ќе биде препознатлив знак на моето работење и работењето Комуналец во претстојниот период, бидејќи наша обврска е да бидеме секогаш во служба на граѓаните, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Активностите се реализираат според планот за дезинфекција и чистење на улиците во градот за одржување јавна чистота, како и превенција и заштита од Ковид-19. иб/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close