Општински вестиСкопје

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги стави во функција новите смарт апарати за контрола на паркирање

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје соопшти дека набави нови 70 апарати (смарт телефони), кои ќе се користат за контрола на паркирањето, односно наплатата на паркирање, како и проверка на правилно, или неправилно паркирање.

Скопје, 17 август 2022 (МИА) – ЈП „Градски паркинг“ – Скопје соопшти дека набави нови 70 апарати (смарт телефони), кои ќе се користат за контрола на паркирањето, односно наплатата на паркирање, како и проверка на правилно, или неправилно паркирање.

Апаратите денеска им беа презентирани на вработените контролори кои ќе раководат со нив и веќе се пуштени во функција.

За разлика од старите апарати кои беа досега во функција, новите смарт телефони се со побрз андроид оперативен систем и со повеќе перформанси и истите се прилагодливи на нови технологии, односно надградба на целосниот систем. Преку нив може да се врши контрола за тоа дали возилото е соодветно паркирано, дали се почитуваат местата обележани за лица со попреченост, или станбени сопственици кои имаат обезбедено паркинг простор, информираат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Back to top button
Close
Close