Општински вестиСкопје

ЈП „Градски паркинг“: Повторно во целосна функција наплатата на паркинг преку СМС-порака

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја информира јавноста дека проблемот со наплаќање преку СМС-пораки е решен, економскиот оператор задолжен за надградба на овој систем, во соработка со мобилните оператори деновиве работеше на надминување на проблемите при наплата на паркинг преку СМС.

Скопје, 10 август 2022 (МИА) – ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја информира јавноста дека проблемот со наплаќање преку СМС-пораки е решен, економскиот оператор задолжен за надградба на овој систем, во соработка со мобилните оператори деновиве работеше на надминување на проблемите при наплата на паркинг преку СМС.

– До корисниците на нашите паркинг-услуги упатуваме извинување, воедно оштетените корисници ги повикуваме да поднесат барање за обесштетување. Барањето можат да го поднесат писмено преку е-пошта на infogradski@gradskiparking.com.mk, каде што ќе ги остават своите податоци – име и презиме, број на регистарска таблица, дата и време на паркирање, телефонски број од кој е извршена наплатата, како и зона каде што било паркирано возилото, соопштуваат од Градски паркинг.

Проблемот со наплатата преку СМС-порака, посочуваат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кој главно се должеше на нефункционалност кај претплатниците на мобилниот оператор „А1 Македонија“, е надминат уште во понеделникот, меѓутоа оставивме тест-период од три дена, за со сигурност да ги информираме корисниците на паркинг-услугите дека системот е надграден и е во целосна функција. фф/са/

Таг
Back to top button
Close
Close