Општински вестиСкопје

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со добивка од 79.286.643 денари за девет месеци

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје врз основа на финансиските извештаи за работата на претпријатието бележи добивка за период од првите девет месеци од 2021 година.

Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) – Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје врз основа на финансиските извештаи за работата на претпријатието бележи добивка за период од првите девет месеци од 2021 година. Добивката од редовното работење од 1 јануари до 30 септември 2021 година изнесува 79.286.643 денари.

-Позитивниот финансиски резултат и остварената добивка од 79.286.643 денари за првите девет месеци од 2021 година доаѓа како одраз на домаќинското работење во изминатиот период, стратешко планирање на инвестициите насочени кон подобрување и унапредување на работните процеси, како и вкупната делотворност на претпријатието. Тоа исто така е одраз и на професионалниот пристап и деталната финансиска анализа и план за приходите и расходите на претпријатието, изјави генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Душко Весковски. мд/ац/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close