Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Јорданов: Ќе ги реставрираме старите куќи по познатите стари штипски маала

Не се расфрламе со ветувања, туку ветуваме чесеност, посветеност, одговорност, принципиелност. Водејќи се по овие начела предвидовме Програма во која гарантираме подобрување на состојбата во нашиот град. До 2024 година, Општина Штип ќе стане дигитална општина и секој документ ќе може да се побара и да се извади по електронски пат. Ова вечерва го соопшти кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Иван Јорданов.

Штип, 15 октомври 2021 (МИА) – Не се расфрламе со ветувања, туку ветуваме чесеност, посветеност, одговорност, принципиелност. Водејќи се по овие начела предвидовме Програма во која гарантираме подобрување на состојбата во нашиот град. До 2024 година, Општина Штип ќе стане дигитална општина и секој документ ќе може да се побара и да се извади по електронски пат. Ова вечерва го соопшти кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Иван Јорданов.

-Ќе овозможиме и следење на фазата во која се наоѓаат документите, така што без да чека низ ходниците во општината, странката ќе може да го следи својот документ, каде и да се наоѓа, преку својот мобилен телефон. Сакаме да стекнеме доверба кај граѓаните, да ги увериме дека локалната самоуправа работи во нивен интерес, дека постои за олеснување на животот на граѓаните и дека работата која е во надлежност на институциите на локално ниво е можно да се заврши ефикасно и во кратки рокови, нагласи Јорданов. Додаде дека бизнис заедницата ќе биде стратешки партнер и ќе постави лице кое ќе биде задолжено токму за нив.

Јорданов предвидува заедно со бизнис секторот и универзитетот „Гоце Делчев“ да менаџираат обезбедување на финансиска поддршка за млади претприемачи и старт ап компании во реализирање на иновативни бизнис идеи. Дополнително, Општината во соработка со Универзитетот ќе поддржи отворање бизнис инкубатор кој ќе го поттикнува претприемништвото и ќе им овозможи поволни услови на младите за започнување на сопствен бизнис.

Најави продлабочување на соработката со Универзитет „Гоце Делчев“ и Штип да се направи студентски град, подобрување на социјалниот живот на младите, повеќе спортски содржини, нова инфраструктура… -Градоначалникот веќе нема да работи само со затворен, мал тим на луѓе. Сите ќе бидат вклучени во процесот на креирање убава и успешна општина. Независно од политичката припадност, рече Јорданов. Додаде дека покрај системот на казни, треба да профункционира и системот на награди.

Пред штипјани тој ги презентираше своите проекти – завршување на булеварот „Партизанска“ до населбата Баби, изградба на обиколницата од булеварот „Гоце Делчев“ до населбата Ново Село, проширување и реконструкција на крстосницата во населбата Сењак, реконструкција на дотраените сообраќајници, реализација на проектот „Штип без кал и прашина“. Изградба на повеќе паркинг места,  воведување јавен превоз со цел решавање на сообраќајниот хаос, осветлување на Штип, реставрација и конзервација на старите куќи и сокаци во познатите стари штипски маала, заштита на богатото културно наследство. Најави и повеќе спортски игралишта, реконструкција на постоечките, поддршка на спортистите и спортските клубови. вдј/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close