Дописници МКДЛокални избори 2021Општински вести

Јовица Илиевски ја презеде градоначалничката функција во Општина Брвеница

Во Општина Брвеница денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник помеѓу досегашниот градоначалник Енвер Пајазити и новоизбраниот Јовица Илиевски.

Тетово, 15 ноември 2021 (МИА) – Во Општина Брвеница денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник помеѓу досегашниот градоначалник Енвер Пајазити и новоизбраниот Јовица Илиевски.

Илиевски беше избран на Локалните избори 2021 како кандидат на ВМРО ДПМНЕ, а претходно беше и член на општинскиот совет од истата партија.

– Денес се изврши примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Брвеница. Благодарам на сите жители на Општина Брвеница за учеството на изборите, за поддршката и довербата. Започнувам со работа веднаш, да реализирам сè она што сум го ветил. Сите се добредојдени и Брвеница ќе биде подобро место за живеење, изјави Илиевски.

По локалните избори преостанува и да се конституира Советот на Општина Брвеница, што брои 15 членови. Најголем број советници, вкупно пет, освои ВМРО-ДПМНЕ, по три имаат ДУИ и Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека, по два имаат Движење Беса и СДСМ. ас/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close