Локални избори 2021Политички партии

Јовановски: Создаваме нова иднина за Кичево

Кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски вети решавање на комуналните проблеми во градот и спречување на трендот на иселување на младите.  На предизборниот митинг во Кичево, Јовановски им се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка во првиот круг и најави создавање на подобри услови за живот на младите.

Кичево, 25 октомври 2021 (МИА) –  Кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски вети решавање на комуналните проблеми во градот и спречување на трендот на иселување на младите.

На предизборниот митинг во Кичево, Јовановски им се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка во првиот круг и најави создавање на подобри услови за живот на младите.

– Цврсто сум решен со сите сили и знаење да се борам за да се спречи трендот на иселување на младите од нашиот град. Да создадеме услови нашите деца и нашите млади да можат нормално да се функционираат и да напредуваат секој во својата сфера на интерес, рече Јовановски.

Додаде дека ќе се залага за привлекување на нови инвестиции во градот со што ќе се отворат нови работни места и ќе се намали невработеноста.

– Во мојата програма има реални и веднаш остварливи проекти како што се промена на азбестните водоводни цевки, изградба на канализациона мрежа во сите места каде недостасува, дислокација на дивите депонии кои ни го загорчуваат животот, промена и реновирање на дотраените трошни фасади и кровови на старите згради, односно нивна замена со енергетски ефикасни, формирање на социјален фонд за деца со посебни потреби, истакна Јовановски.  

Вети дека веднаш ќе се започне со реализација на овие проекти со тенденција тие да се остварат и пред зададените рокови.

– Затоа ве повикувам, активирајте се, убедете ги вашите роднини, пријатели, комшии, без разлика на партиска, верска или национална определба, дека како кандидат за градоначалник ќе бидам вреден работник и застапник за интересите на сите наши граѓани, изјави Јовановски. за/бак/ 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close