Локални избори 2021

Јовановски вети решавање на најгорливите проблеми во Кичево

Кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски денеска им се заблагодари на граѓаните за поддршката во првиот круг и најави дека доколку биде избран за градоначалник ќе ги реши најгорливите проблеми во градот.

Кичево, 21 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски денеска им се заблагодари на граѓаните за поддршката во првиот круг и најави дека доколку биде избран за градоначалник ќе ги реши најгорливите проблеми во градот.

– Ви ветувам дека со стапувањето на новата функција, ќе го решам проблемот со кучињата  скитници, бидејќи имам проект со финансиска конструкција и соработка со активистите за заштита на животните,  рече Јованоски.

Најави изградба на фекална канализација во селата Другово и Србјани и решавање на проблемот со дивите депонии. Вети и инвестиција во градот со која, како што рече, ќе бидат отворени околу 300 работни места.

– Со сите сили ќе се бориме да донесеме нова инвестиција во нашиот град која ќе овозможи вработување на минимум 300 граѓани, преговорите се во тек, рече Јовановски. за/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close