Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Јанкоски: Гласајте за број 12 за да ја продолжиме успешната приказна за Вевчани

Победа на најдоброто за Вевчани значи продолжување на развојот, континуитет во работењето и гарантирана испорака на планираните проекти, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од СДСМ Сашо Јанкоски.

Вевчани, 29 октомври 2021 (МИА) – Победа на најдоброто за Вевчани значи продолжување на развојот, континуитет во работењето и гарантирана испорака на планираните проекти, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од СДСМ Сашо Јанкоски.

Од вевчанци ја побара добвербата во вториот изборен круг, в недела, да го заокружат бројот 12, за, како шпто рече, да ја продолжиме успешната приказна за Вевчани. Подвлече дека ја сватиле пораката од оние што не излегле на гласање во првиот изборен круг и од оние, кои го поништиле гласачкото ливче.

– Громогласниот молк во првиот круг го запали алармот кај нас. Ја свативме пораката на тие кои не излегоа на гласање и на тие, кои ги поништија гласачките ливчиња. Ве повикуваме заедно да го направиме Вевчани најдоброто и најпосакуваното место за живеење. Многуте реализирани проекти и нашата програма е гаранција за успех, вели Јанкоски.

Потсети на дел од реализираните проекти изминатите четири години,  нагласувајќи дека ја направиле отворена и пристапна за секој граѓанин.

– Ги слушавме вашите проблеми и се трудевме заеднички да ги решиме. Заедно со вас нема да дозволиме Вевчани, никогаш повеќе да биде нечиј чифлик и место за исполнување на нечии бизнис интереси. Најдоброто за Вевчани е влог во иднината и глас даден за иднината на нашето Вевчани, за иднината на нашите деца, за општина која го почитува секој поединец и одговара на секое барање и потреба, додава Јанкоски. сс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close