Дописници МКДОпштински вести

Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка поставува нови контејнери низ градот

Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка врши замена на старите и дотраени со нови метални контејнери, а во општината ќе бидат поставени вкупно 192 нови контејнери.

Крива Паланка, 20 септември 2021(МИА) – Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка врши замена на старите и дотраени со нови метални контејнери, а во општината ќе бидат поставени вкупно 192 нови контејнери.

Овие контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар се обезбедени во рамки на проектот за регионално управување со отпад, финансиран од фондовите на Европската Унија.

– Долж целиот градски и приградски реон на Општина Крива Паланка, каде што нашето претпријатие врши собирање смет, ќе биде извршена замена на старите и оштетени контејнери. Сите метални стари контејнери што се оштетени ќе се отстранат од постојните јавни површини, додека во делот на централното градско подрачје, од потегот на полициската станица до т.н. Шанин мост, остануваат пластичните контејнери кои се обновени во 2020 година. Во еден дел од централното градско подрачје, зад градскиот плоштад, на вториот крак од главната улица св. Јоаким Осоговски, се врши уредување и поплочување со бекатон на дел од тротоарот кој беше обраснат со трева и запуштен подолг временски период, изјави Миле Марковски, директор на ЈП Комуналец, Крива Паланка.

Истакна дека на оваа новоуредена јавна површина покрај постојните садови за смет, поставени се и садови за селекција на отпад.

Согласно динамиката на градба, во претстојниот период ќе се изврши и асфалтирање на овој пат, додаде Марковски.иб/ир

Back to top button
Close
Close