Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Јавна поддршка за Кондовски од НСДП и битолскиот огранок на ДУИ

Претседателот на НСДП, Тито Петковски соопшти дека јавно го поддржуваат кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

Битола, 26 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на НСДП, Тито Петковски соопшти дека јавно го поддржуваат кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

Петковски рече дека Кондовски е нивни заеднички кандидат и ги повика членовите на таа партија во Битола в недела масовно да излезат на гласање.

– Сакам да ја искажам нашата поддршка за заедничкиот кандидат Христо Кондовски, бидејќи ги има сите предиспозиции да го води градот. На овие избори ние бираме локална самоуправа, луѓето што ќе го водат и менаџираат градот. Значи не лидерите на партиите, туку еден човек ќе го менаџира градот, истакна Петковски.

На заедничката средба во Битола, кандидатот за градоначалник Христо Кондовски се заблагодари за поддршката и во првиот круг од изборите.

 

– Претседателот Тито Петковски е еден искусен и државотворен политичар и затоа ги ценам неговите ставови. Во нашиот фокус во периодот е обединувањето, со ова даваме јасна порака дека се обединуваме, дека сме еднои прогресивни, конститутивни и државотворни сили, кои во иднина ќе ја менаџираат Битола заедно со сите коалаициони партнери, посочи Кондовски.

Јавна поддршка за кандидатурата на Кондовски даде и претседателот на битолскиот огранок на ДУИ, Љутфи Ахмети со избраната советничката во Советот на Општина Битола, Мерита Исмаили. мт/нд/

Back to top button
Close
Close