Дописници МКДОпштински вести

Јавната анкета за креирање на општинскиот Буџет во Делчево отворена до крајот на месецот

Општина Делчево преку отворена јавна анкета во соработка со граѓаните ќе ги иницира приоритетите и проектите за решавање во наредната 2022 година. По тој повод од општината информираа граѓаните дека до 1 декември 2021 ќе можат директно да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Делчево, 26 ноември 2021 (МИА) – Општина Делчево преку отворена јавна анкета во соработка со граѓаните ќе ги иницира приоритетите и проектите за решавање во наредната 2022 година. По тој повод од општината информираа граѓаните дека до 1 декември 2021 ќе можат директно да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

-На веб-страницата на Општина Делчево (delcevo.gov.mk) ќе биде отворена јавната анкета на која ќе можат да бидат иницирани приоритетите и проектите за решавање во наредната 2022, со што директно граѓаните можат да учествуваат во креирање на Буџетот, истакнаа од Општина Делчево.

Оттаму ги информираа претседателите на месните и урбаните заедници дека најдоцна до 1 декември треба до Општина Делчево да се достават записниците од одржаните состаноци, во кои ќе бидат нотирани приоритетите во месните и урбаните заедници за решавање во 2022 година.

-Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува сите граѓани, претставници на граѓански здруженија, правни лица дека, освен преку јавната анкета, предлози во писмена форма можат да доставуваат и преку општинската е-маил адреса info@delcevo.gov.mk, додадоа од Општината.

По анализата на пристигнатите предлози, за почетокот на идниот месец е закажан и буџетски форум на кој ќе биде презентиран Предлог-буџетот за 2022 година, актуелните и планираните проекти од Општина Делчево за 2022 година, форум на кој се очекува присуство на сите заинтересирани граѓани, претставници од институции и од невладиниот сектор. вс/ев/

Back to top button
Close
Close