Дописници МКДОпштински вести

Јавен повик за пријавување штети од земјотресот во Ресен

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9 до 15 часот, од утре до 27 јануари годинава.

Ресен, 11 јануари 2022 (МИА) – Општина Ресен денеска распиша јавен повик за пријавување штети од земјотресите што вчера и завчера го зафатија Преспанскиот регион. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9 до 15 часот, од утре до 27 јануари годинава.

– Општина Ресен ги повикува граѓаните, кои претрпеле материјални штети на објекти од земјотресите, што го зафатија подрачјето на Општината на 9 и 10 јануари годинава, да поднесат барање за проценка на штета во просториите на Општина Ресен, се вели во повикот.

Барањето за пријавување штета граѓаните може да го добијат во Општина Ресен или на веб страницата www.resen.gov.mk. Покрај барањето, лицата кои претрпеле штета од земјотресот потребно е да достават и фотокопии од имотен лист, трансакциска сметка и од лична карта со изјава за користење на личните податоци.

– Врз основа на доставените барања, Комисијата од Општина Ресен, ќе изврши проценка на настанатите штети на терен по што ќе биде соодветно постапено, стои во јавниот повик. сс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close