Дописници МКДОпштински вести

Јавен повик за избор на нов претседател на Фолкорната група „Копачка“

Во Делчево е отворен јавниот повик за пријавување за избор на нов Претседател на Здружението Фолкорна група „Копачка“. Повикот, како што информираше секретарот на здружението, Перса Стојановска, се објавува поради смртта на доживотно избраниот претседател, народниот уметник Димитар Узунски.

Делчево, 28 ноември 2021 (МИА) – Во Делчево е отворен јавниот повик за пријавување за избор на нов Претседател на Здружението Фолкорна група „Копачка“. Повикот, како што информираше секретарот на здружението, Перса Стојановска, се објавува поради смртта на доживотно избраниот претседател, народниот уметник Димитар Узунски.

– Кандидатите кои ќе се пријават треба да се членови на ЗФГ „Копачка“ село Драмче, Делчево, најмалку 10 години. Пожелно е да имаат искуство со раководење на најмалку пет проекти од областа на нематеријалното културно наследство на Пијанец, како и да имаат искуство најмалку две години во раководните органи во Здружение на граѓани или фондации, истакна Стојановска.
Меѓу останатите услови, како што додадоа од Иницијативниот одбор, е кандидатите да поседуваат најмалку еден сертификат за посетување на семинар или работилница за нематеријално културно наследство на  УНЕСКО.
– Кандидатите потребно е да имаат навршено најмалку 20 години и да имаат креативни и организациски способности и способности за работа под притисок, со најмалку завршено средно образование. Во својата кандидатура да се достави CV, Програма и дополнителни материјали кои ја потврдуваат адекватноста на кандидатот за извршување на дејноста претседател, додадоа од Иницијативниот одбор.
Пријавите на кандидатите треба да се достават до канцеларијата на групата на адреса ЗФГ „Копачка“ село Драмче, Делчево  улица „Титоградска“ број 2 Делчево.
Повикот трае најдоцна осум дена од денот на објавувањето 27 неомври 2021. вс/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close