0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Ѓорѓиев ја освои светската титула во кикбокс

Златен медал во доминантен стил на Светското првенство, кое се одржува во Италија, освои денеска најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев.

Рим, 22 октомври 2021 (МИА) – Златен медал во доминантен стил на Светското првенство, кое се одржува во Италија, освои денеска најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев.

До златниот медал во категоријата до 81 килограми во дисциплината лоу кик, Ѓеорѓиев дојде со четири победи со максимални 3-0, совладувајќи го во финалната борба Никола Дробњак од БиХ.

Ѓорѓиев претходно беше светски шампион во 2011, 2013 и 2015 година во дисциплината кик-лајт. ег/оџ/

 

Back to top button
Close
Close