ОпштествоОпштински вестиСкопје

Ѓорѓиевски: Внимаваме на квалитетот на изведбата, проектите треба да бидат трајни

Увид во градежните активности на ул. „Пушкинова” во Општина Кисела Вода изврши градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Станува збор за фрекфентна улица  која веќе се асфалтира заедно со сите нејзини краци.

Скопје, 27 ноември 2021 (МИА) – ​Увид во градежните активности на ул. „Пушкинова” во Општина Кисела Вода изврши градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Станува збор за фрекфентна улица  која веќе се асфалтира заедно со сите нејзини краци.

– Посебно внимание обрнуваме на квалитетот на работата. Реконструираните улици ќе ги исполнуваат законски пропишаните норми за асфалтирање, асфалтот ќе биде со пропишаната дебелина, па нема да ни се случуваат оние грди слики од пред година, две, кога на скапо платена реконструирана улица после два месеца се отвораа дупки, а измерениот асфалтен слој беше двојно потенок од законскиот минимум-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Од Општина Кисела Вода соопштуваат дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика. Наскоро, најавуваат, бенефитот ќе го почувствуваат преку 500 жители од овој дел на Кисела Вода, како и учениците и нивните родители кои ги носат во училиштето во непосредна близина, ООУ “Кирил Пејчиновиќ“.лв/

Back to top button
Close
Close